Филипче: Нема недоследност во работата на Хематологја и Онкологија
Министерот за здравство Венко Филипче вечерва во интервју за ТВ Канал 5 изјави дека лично тој и Министетството за здравство немаат надлежност да учествуват во каков било процес на набавка на која било од јавните здравствени установи. Тоа е одговорност, рече, на менаџерскиот тим на самата клиника или која било друга јавна здравствена институција, кои прават планови за набавки врз основа на бројот на пациенти и врз основа на потребните лекови.
- Буџетите се големи поради тоа што се скапи лековите. Поради тоа што таму се лекуваат пациенти кои страдаат од многу тешки болести. Ние ги побаравме документите по објавувањето на постапките во јавноста. Ги побаравме сите документи од Антикорупциска комисија, се консултиравме и со луѓе од други институции, како финансиска полиција. Доколку е потребно, ќе ги преземеме сите мерки кои се во наша надлежност. Досега немаше некоја недоследност во работата ниту на Клиниката за хематологија, ниту на Клиниката за онкологија, рече Филипче.
За проблемот со инсулинот, министерот одговори дека го наследиле тендерскиот процес кој завршува при крајот на оваа година. Посочи дека се носеле инсулини со паралелен увоз, а оваа Влада во меѓувреме го сменила законот и сега бара соодветни сертификати за квалитет. Досега не беа побарани, рече, ниту обезбедени резерви од економските оператори кои ги добиле постапките и имаат обврска да го обезбедуваат целокупното население на кое инсулинот му е потребен.
- Затоа бевме приморани да правиме некои интервентни набавки поради тоа што имаше зголемен број на пациенти од одредена група. Но, со променет закон, економските оператори не беа подготвени да излезат во пресрет и да ги дадат соодветните количини на инсулин, рече Филипче. Од тие причини, во новата постапка импементираат работи кои досега не биле барани - соодветен сертификат за квалитет, задолжителна едномесечна резерва од сите економски оператори кои ќе учествуваат во тендерската постапка.
Соопшти дека во Министерството за здравство почнуваат подготовки за објавување конкурси за директорски места на сите јавни здравствени институции и дека предвид ќе биде земено досегашното раководење на сите директори.
Министерот информираше и дека почнале постапка за проект и стигнале две понуди за катна гаража на местото каде што се наоѓаше старата зграда на Гинекологија. Предвидени се доволен број паркинг-места за сите вработени и за пациентите, рече Филипче.
Во интервјуто министерот за здравство оцени дека наследил зравство во „коматозна состојба“ и потребно е време, рече, тоа да се разбуди, да се зацврсти и да застане на здрави нозе. Нагласи дека со реформите што ги преземаат, здравството ќе го направат модерно и европско, во кое најголем бенефит ќе имаат пациентите.
Ново на Сител
-
Боки 13 бара повторено судење за „Рекет“ - има докази со кои ќе покаже каде завршиле парите од чантата Луј Витон
-
Советот НАТО-Украина ќе одржи вонреден состанок за противвоздушната одбрана на Киев
-
Спречен нов атентат врз Зеленски, уапсен Полјак кој соработувал со Русите
-
Бојмацалиев: Една година ФРОНТЕКС - прв договор потпишан на македонски јазик со ЕУ
-
Избрани 12 поротници за судењето против Трамп
-
Директорот на ЦИА предупредува дека Украина би можела да ја изгуби војната до крајот на годинава ако Конгресот не ја одобри помошта за неа
-
Кривична пријава за директор на ЈП „Стрежево" Битола за злоупотреба на службена положба и злоупотреба на постапка за јавен повик
-
Притвор за еден од осомничените за кражбата на сефот од маркет во Црниче