Филипче: Нема да отстапиме од тоа децата кои се примаат во градинките и училиштата да бидат вакцинирани
Нема да отстапиме од тоа сите деца кои се примаат и во градинките и во основните училишта да бидат вакцинирани. Не смееме кога ги имаме сите инструменти во рацете, кога тоа е пропишано со закон задолжително да се даде таа потврда за вакцинација, да замижиме или да направиме пропуст, па да ни се случуваат вакви епидемии со смртни случаи, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче.
Посочи дека во неделата по инаугурацијата на претседателот Стево Пендаровски имале неформална средба со министерот за образование и наука, Арбер Адеми и со министерката за права Рената Дескоска, на која биле присутни и повеќе пратеници, дел од кои се доктори.
– Разменивме мислења. Министерот за образование сакаше тоа прашање да го постави денеска на седницата на Владата за да добиеме и соодветни правни мислења од Секретаријатот за законодавство. Верувам дека до крајот на денот ќе излеземе со усогласено мислење. Верувам дека до утрешниот ден ќе имаме еден усогласен став, додаде Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по промоцијата на 12 нови возила за Итната медицинска помош.
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот