Македонија
3. October 2019 - 16:37

Филипче: Не се исплатени пенали за Клиничкиот центар - Дончев најверојатно направил лапсус

Не се исплатиле никакви пари за раскинувањето на договорот со компаниите кои требаше да го градат Клиничкиот центар на местото на стара гинекологија, тврди министерот за здравство.

Изјавата на Филипче е спротивна од онаа на Ден Дончев кој во Тв емисија рече дека министерството платило 5 милиони евра пенали зошто не бил испочитуван договорот.

-Верувам дека е некаков лапсус. Утре ќе се сретнеме за буџетите за следната година и ќе поразговараме и за ова. Верувам дека станува збор за недоразбирање, изјави д-р Венко Филипче, министер за здравство и додаде дека.Нема никаква исплата, нема никакви пенали. Во неколку ситуации разговаравме за кредитот кој беше доделен од Централната европска банка и не беше повлечен. Разговаравме и со изведувачот во три наврати и досега не побарал исплата.

Договорот тежок 72 милиони евра беше потпишан во 2017 година од претходниот министер Никола Тодоров, а сегашната Влада се предомисли и одлучи новиот Клинички да се гради во Ѓорче Петров.

За овој проект Филипче вели дека оди според планирананото. Наскоро ќе бил распишан тендер и ќе се знае кој ќе го гради медицинскиот комплекс во Веле поле кој ќе чини половина милијарда евра. Најавите се дека до крајот на оваа или почетокот на идната година ќе бидат удрени темелите.