Loading Video...
Фудбал
6. March 2020 - 19:47

Филипче: Натпреварот со Косово треба да се игра без публика

Министерот за здравство, Венко Филипче одговарајќи денеска на новинарски прашања на прес конференцијата за корона-вирусот потенцираше дека најдобро е средбата од Лигата на нациите Македонија - Косово да се одигра без присуство на публика бидејќи ќе има големо присуство на гости од странство. 

Филипче исто така информираше дека препораката за играње спортски натпревари без гледачи ќе биде продолжена до 13. март.