Филипче најави протоколи за граѓаните од Авганистан кои ќе пристигнат во земјава
Нема да има карантин за граѓаните од Авганистан кои се очекуваат да пристигнат во земјава. За ова денеска информираше министерот за здравство, Венко Филипче одговарајќи на новинарско прашање дали ќе има посебни мерки и протоколии за оние 190 лица кои според најавите од Владата, привремено треба да бидат прифатени овде.
„Разработивме еден протокол, препорака со оглед на ситуацијата и со оглед на тоа дека организирано можно е организирано да дојде поголема група луѓе и секако, да се пречекаат како што треба. Ние не знаеме како е точно таму ситуацијата, па во таа смисла треба да им се пружи лекарска помош ако им е потребна. Ќе стигнат жени и деца, ќе дојдат гинеколошки и педијатриски тимови, како и матични лекари за сите, за да видат дали евентуално е потребна лекарска помош“, изјави министерот Филипче.
Тој најави дека на сите овие луѓе ќе им се направи ПЦР тестирање, а невакцинираните од сите што ќе дојдат, после два или три дена од тестирањето ќе бидат вакцинирани.
„Тоа ќе се спроведе во местата односно во хотелите каде што ќе бидат сместени. Карантин нема да има бидејќи имаме ПЦР тестирање и гледаме дали се вакцинирани. Ова е поголемо внимание бидејќи организирано доаѓа поголема бројка на луѓе“, кусо додаде ресорниот министер.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари