Македонија
2. July 2021 - 14:15

Филипче: Можни се мерки за заштита од Делта сојот

Делта сојот се повеќе се регистрира во повеќе европски земји. Во понеделник на состанокот на Комисијата за заразни болести ќе разгледуваме дали ќе воведуваме некоја форма на рестрикција, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Сите сега препорачани мерки во овој период остануваат на сила, засега, вели Филипче, нема план да се направи промена.

-Разговараме и евентуално би носеле некаква одлука во однос на штитење на границите, во однос на тестовите. Да се процени ризикот, дали е тоа вистинска марка со која навистина може да се заштитиме, објасни министерот.