Филипче: Масовно тестираме, ги знаеме кластерите, бројките ќе се намалат
„Во Албанија не можете да се тестирате ако немате симптоми, исто и во Србија, од таму е разликата во бројките меѓу нас и другите држави, кои не можеме да ги споредуваме како голи бројки, тоа се пациенти. 100 нови заразени во еден ден во нашата држава не може да се спореди со дневните бројки во другите држави, постојат други начини за одредување на бројките, тука има многу услови, особено дали се следат контактите на заболениот, она што ние го правиме периодов. Ние сме единствените кои тестирањата ги правиме екстензивно и стигаме и до последниот контакт на секој заболен.“- коментираше министерот за здравство, Венко Филипче, во емисијата „Само вистина“ на Канал 5.
Тој објасни дека ваквиот пристап е поинаков, но е во полза на јавното здравје.
„Овој принцип е поддржан од СЗО и стигнуваме навистина и до последните можни заболени. Овој пристап не се покажал дека е неуспешен, туку напротив му користи на јавното здравје, и затоа сега интензивно откриваме случаи.“- дополни Филипче.
Тој смири дека јавниот здравствен систем ги знае кластерите, иако се во поголем број, и дека се следат и нивните контакти.
„На почетокот на епидемијата вирусот ни дојде од странство, немавме локална трансмисија. Доколку се тестираат лица од иста семејна заедница, кога имаат болен, може тие членови и да не се заразени. Имавме такви случаи. Кога се тестираше едно семејство во Скопје осум членови беа позитивни, но сите без симптоми. Пред масовните настани беше поинаку, полесно беше за следење, сега овој бран на масовни дружби ни укажа дека мораме масовно да тестираме.“ – објасни министерот на Канал 5.
Ново на Сител
-
Приведен 20-годишник кој бил баран со потерница поради бегство од Затворот Гевгелија
-
Боки 13 бара повторено судење за „Рекет“ - има докази со кои ќе покаже каде завршиле парите од чантата Луј Витон
-
Советот НАТО-Украина ќе одржи вонреден состанок за противвоздушната одбрана на Киев
-
Спречен нов атентат врз Зеленски, уапсен Полјак кој соработувал со Русите
-
Бојмацалиев: Една година ФРОНТЕКС - прв договор потпишан на македонски јазик со ЕУ
-
Избрани 12 поротници за судењето против Трамп
-
Директорот на ЦИА предупредува дека Украина би можела да ја изгуби војната до крајот на годинава ако Конгресот не ја одобри помошта за неа
-
Кривична пријава за директор на ЈП „Стрежево" Битола за злоупотреба на службена положба и злоупотреба на постапка за јавен повик