Македонија
6. August 2020 - 13:10

Филипче: Мајките позитивни на КОВИД-19 можат да ги дојат своите бебиња

„Мајките кои се суспектни или COVID-19 позитивни можат безбедно да ги дојат своите бебиња, треба и пожелно е, бидејќи ако се престане со доењето, ќе се намали и количеството мајчино млеко, а со тоа и заштитните фактори коишто ги содржи.

Мајчиното млеко содржи антимикробни фактори: секреторен ИгА, ИгМ, ИгГ, олигосахариди, лизозими, леукоцити и таканаречени цитокини и антиинфламаторни фактори“, напиша Филипче на Фејсбук.