Филипче: Лекарите и сестрите од септември добиваат пет отсто повисока плата
Од септември годинава платите на здравствените работници ќе бидат зголемени за пет отсто, соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче.
Како што рече Филипче на прес-конференција во Владата, основицата за пресметка на платата ќе се зголеми од 12.654 на 13.286 денари.
За оваа мерка со која ќе бидат опфатени 19.123 здравствени работници во јавните установи, се обезбедени 469 милиони денари годишно или 39,1 милиони месечно.
- Со оваа мерка што Владата ја вети и веќе ја реализира, уште еднаш покажува иницијатива за задржување на здравствените работници во земјава, истакна министерот.
Одговорајќи на новинарски прашања, Филипче потенцира дека сите специјализанти, вклучувајќи ги и оние кои запишале специјализација во март годинава, ќе ги добијат предвидените надоместоци. Тој не прецизира дали исплатата ќе биде во август или септември, но потврди дека сите специјализанти ќе ги добијат парите.
Во врска со вчерашниот смртен случај на девојчето Ева Крстановска, Филипче рече дека сите процедури биле запазени.
Ново на Сител
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО
-
Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште
-
Првите шест авиони „Рафал“ во Хрватска пристигнуваат оваа недела
-
Швајцарија замрзна руски имот во вредност од 5,8 милијарди франци
-
Венеција почнува да наплаќа влезници