Филипче: Лек за Ковид-19 сѐ уште нема, граѓаните да не купуваат лекови на црно
Ниту еден од овие лекови не се докажани дека помагат специфично за новата болест, порача министерот за здравство Венко Филипче во одговор на новинарско прашање дека на црно преку интернет се продаваат лековите ремдесивир и фавира за лекување на коронавирусот. При денешната посета на Штип посочи дека тоа се лекови коишто се докажани дека помагаат во некои други болести и ситуации и додаде дека не можат да се препишат лекови коишто не помагаат за конкретна дијагноза.
– Никој не треба да посегне да бара лекови коишто не се докажани дека помагаат во лекувањето на Ковид-19. Уште во светот има огромен број на клинички студии коишто ипситуваат лекови. Сите знаеме дека специфичен и посебен лек за оваа болест нема. Се прави комбинација на постојните терпаии за некои други болести или сиптомите коишто ги дава оваа болест, а мора да знаеме и граѓаните да знаат дека има навистина широка лепеза на симптоми со коишто оваа болест може да се манифестира, рече тој.
Апелира секој пациент во консултација со матичниот лекар или за време на болничкото лекување само со контрола на лекар да прими соодветна терапија.
Филипче потенцира дека постои унифициран протокол за лекарите за лекување на болните од Ковид-19 и на тој пиротокол им е укажано повеќе пати.
– Но што е суштината и кога ќе се каже нема унифициран протокол се однесува на тоа дека нема еден терк на лекувањена оваа болест зошто заради тоа што нема една форма на боелста. Има толку многу различни клинички форми што секоја клиничка форма бара поинаков пристап, поинакво лекување, поинакво дозирање на истите лекови коишто доаѓаат предвид за давање при соодветна манифестација и во таа смисла тоа е така секаде во светот. Затоа е многу битно сите коишто имаат и најмали симптоми и за било каков чекор во однос на дијагнозата за лекувањето да прават консултација со лекар, рече Филипче.
Ново на Сител
-
Зеленски му рекол на Трамп во Париз дека бара безбедносни гаранции за да се стави крај на војната
-
Груби и Беџети на црната листа на САД, судството и политичарите бараат истрага и решавање на случајот
-
Трамп вели дека решавањето на украинската криза е негов главен приоритет
-
На Попова Шапка измерени -4 степени, во Велес 7, најмногу наврнат дожд во Маврови Анови и Претор
-
Седма пленарна конференција на Национална конвенција за ЕУ во Република Северна Македонија
-
Новиот премиер Мохамед ал Башир им вети на Сиријците стабилност и спокојство
-
Русија: Го префрливме Асад на најбезбеден начин
-
Уставен суд ќе ја почнe расправата за Законот за јазиците