Македонија
16. April 2021 - 16:41

Филипче ќе склучува стратешко партнерство со Торлак за руските вакцини откако вчера не ни беа потребни

Македонските здравствени власти се предомислија. Уште во вторник министерот Филипче најави дека ќе го посети неговиот колега во Белград каде со ТОРЛАК ќе преговараат за стратешко партнерство за набавка на вакцини. Руски Спутник произведен во Србија ќе им биде достапен и на македонските граѓани, ама не сега туку подоцна.

-Во овој момент не ни се потребни вакцини, но гледаме како се одвива работата со пандемијата, има разни најави, не можеме да претпоставиме како ќе се одвива и сметам дека е најлогично решение Институтот „Торлак“ да ни биде стратешки партнер во делот на набавка на вакцините понатаму кога ќе треба согласно тоа како ќе се одвива пандемијата, изјави Венко Филипче, министер за здравство.

Во понеделник попладне Филипче најави дека авионски во Софија ќе пристигнат првите 10 000 дози од договорот со Фајзер кои потоа со специјален транспорт ќе бидат донесени во земјата. Со овие вакцини и 200.000 од Кина кои според најавите ќе бидат на македонско тло на 28 овој месец, ќе продолжи имунизацијата по возрасни групи.

-Ке имаме регионални центри за вакцинација. Се ќе се одвива според план. Досега имаме 35 илјади вакцинирани, вели Филипче.

До понеделник додека стигнат фајзеровите вакцини, останати се помалку од 14 изјади дози за имунизацијата на граѓаните согласно националната стратегија.

Додека ги чекаме вакцините, Филипче со оценка дека нема голем наплив во болниците, слободни кревети има а се намалува и бројот на нови случаи. Но викендот, најдоцна дфо понеделник надлежните треба да одлучат дали рестриктивните мерки кои се на сила до 20ти ќе бидат продолжени и во сдледниот период.