Македонија
16. February 2021 - 19:58

Филипче: Кинеските вакцини ќе пристигнат до крајот на месецов

Министерот за здравство Венко Филипче во гостувањето во Дневникот на Сител рече дека до крајот на овој месец би требало да пристигнат 200-те илјади вакцини од кинеската компанија Синофарм.

- Според последните информации, сега е нешто побавна комуникацијата поради тамошните празници, дека до крајот на месецов треба да бидат во нашата земја. Тоа е еден процес кој ќе може да се дисперзира низ целата држава. Навистина е полесна апликацијата, полесно е и чувањето. Тоа е вакцина што се чува на 2 до 8 степени, како вообичаените. Секаде во Здравствените домови има фрижидери каде што таа вакцина може да се складира, рече Филипче.