Македонија
29. November 2021 - 12:21

Филипче: Ја следиме ситуацијата со новиот сој, нема да има нови мерки

Стабилна е епидемиолошката ситуација и е разговарано за новиот сој кај нас. Сметам дека рестрикција од затворање на граници и карантинизирање на патници нема да даде ефект, зошто е веќе детектиран во европските земји и видовме дека кога ќе се појави нов сој, тој не може да се спречи,  рече министерот за здарвство Венко Филипче на денешната прес конференцијата.

– Остануваме со овие мерки засега и ја следиме ситуацијата. Ова е нов сој и допрва ќе дознаваме информации, но од она што го знаеме, нема потреба од рестрикција, рече Филипче.