Македонија
17. January 2022 - 12:07

Филипче ја предаде функцијата на Сали: Верувам дека ќе одговори на предизвиците кои ги наметна ковид пандемијата

Д-р Венко Филипче му ја предаде министерската функција на д-р Беким Сали.

- Функцијата министер за здравство му ја предадов на д-р Беким Сали. Му посакувам успех и среќа во извршувањето на функцијата. Верувам дека ќе одговори на предизвиците кои ги наметна ковид пандемијата, но и на останатите сегменти од здравството. Верувам дека и во негов фокус ќе бидат грижата за пациентите, здравствените работници и транспарентноста кон медиумите. - напиша Филипче.