Македонија
14. October 2020 - 21:34

Филипче: Изгубивме другар и доктор кој даде се од себе во битката со коронавирусот

„Денеска изгубивме другар и доктор кој целосно се даваше за грижа и третман на нашите пациенти, родители, роднини, пријатели. Тој даде сѐ од себе во битката со коронавирусот грижејќи се за пациентите. Тој е мојот колега на кој засекогаш ќе бидам горд! Сочувство до семејството. Трајче почивај во мир, лесна ти земја!“, напиша министерот за здравство Венко Филипче во објава по денешната сообраќајка на Рузвелтова во која животот го загуби 32-годишниот Т.Н.