Филипче: Инспекторатите имаат зголемени ингеренции, со интензивна работа сите протоколи може да се контролираат
Министерот за здравство Венко Филипче во денешната изјава за медиуми во врска со засилување на мерките со цел заштита од понатамошно проширување на коронавирусот ги повика инспекторатите да и покрај тоа што притисокот за работа е значително зголемен и за нив, ги употребат зголемените ингеренции и вршат почесто контрола за почитување на мерките и протоколите.
"Во текот на изминатата недела изминатите 10тина дена се зголемува инциденцата. Најмногу е зголемена инциденцата на нови случаи во Скопје, регионот во Кавадарци и Неготино, Прилеп и Охрид и тоа се реперкуира на начин што има зголемен прилив на пациенти во болниците. Во Кавадарци е целосно исполнето инфективното и дополнителните одделенија и почна да работи и модуларната болница, исто е во Прилеп, а ние гледаме тука во Скопје секојдневно се поголем број на случаи коишто бараат хоспитализација заради што во функција се врати модуларната болница до Инфективната клиника и повторно сега се спремни на стенд бај практично сите интерни клиники, тоа го организиравме денеска во текот на утрото онака како што беше во месец ноември. Ударот кон болниците во смисла на прилив на нови пациенти не е така нагол како што беше на почетокот на ноември и тоа е една значајна разлика, без разлика на зголемувањето на инциденцата и многу е тешко сега да се каже дали ќе продолжи тој тренд или ќе се достигне некое плато односно дали бранот којшто сега се јавува ќе биде идентичен на тој во месец ноември, тука има поделено мислење на епидемиолозите, но ние мора да сме внимателни и спремни и во таа смисла препораката на Комисијата за заразни болести е да има ограничување на движењето после 22 часот поради тоа што сметаат дека навистина има групирање после затворање на угостителските објекти без почитување на превентивните мерки, на јавни површини и простори итн." - кажа министерот за здравство Филипче.
Ново на Сител
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање