Македонија
12. May 2020 - 13:15

Филипче: Иако мерките се олабавуваат не планираме кратење на полицискиот час

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција рече дека засега не се планира скратување на полицискиот час.

„Засега не. Токму полицискиот час беше еден од факторите кои влијаеше да се стави крај на трансмисијата на вирусот. Кога има полициски час, и контролата најдобро се спроведува. Во овој момент не размислуваме конкретно за скратување на полициски час, но може да се наметне потреба посебно заради тоа што економските оператори постепено се враќаат во функција. Ја следиме состојбата, ако треба ќе предложиме до Владата, но засега не“, кажа Филипче.