Филипче: Граѓаните кои сакаат да се ревакцинираат со АстраЗенека може да одат во Србија, кај нас за сега нема да се дава
Во вечерашното гостување на Тема на денот на Сител телевизија министерот за здравство Венко Филипче изјави дека кај нас засега нема да се дава АстраЗенека за лица помлади од 60 години. Лицата помлади од 60 години кои се вакцинирале во Србија се чека одговор од институциите дали може да примат ревакцина од друга вакцина. Доколку имаат волја да се вакцинираат со АстраЗенека, тоа можат да го направат повторно во Србија.
-За сега кај нас нема да ја даваме вакцината на Астра Зенека на лица помлади од 60 години, има мала бројка на тромботични ситуации кои се предизвикани особено кај помлади лица. За оние лица помлади од 60 години кои примиле Астра Зенека во Србија, чекаме одговор од валидните институции дали истите може да примат ревакцина од друга вакцина. Тромботичните ситауции се ретки но ние одлучивме да бидеме внимателни. Доколку граѓаните сакаат да се ревакцинираат со Астра Зенека може да отидат во Србија, но ќе повторам не препорачуваме вакцинирање со Астра Зенека на лица помлади од 60 години, рече Филипче.
Ново на Сител
-
Последен работен ден за пратениците од овој состав
-
Информативен ден на НАТО програмата „наука за мир и безбедност“
-
Мисија на УНЕСКО во Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Филип Рикер, поранешен амбасадор на САД во Македонија
-
„Алкалоид“ пушти во употреба нов светски погон за производство на лекови вреден 19.4 милиони евра
-
Четири години Македонија членка на НАТО
-
Гир: Не е точно дека ЕУ не ја сака Македонија, членството е лесно достижно