Филипче: Главна причина за зголемување на бројката на заболени е непочитување на мерките
Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција истакна дека главната причина за зголемување на бројката на заболени со ковид-19 се должи на непочитување на мерките за заштита. Тоа се групирање, семејни собири и прослави, свадби кои се забранети и слични настани, но и генерално опуштање на граѓаните.
„Ризикот кој го носи есента е сериозен аларм, дека мора и натаму да делуваме за да го заштитиме и јавното здравје и здравствениот систем. Повторно ќе кажам нема да дозволиме оние кои не ги почитуваат мерките да ги изложуваат на ризик критичните, ризични групи граѓани, но и сите останати кои може да бидат жртви на вирусот, а видовме дека коронавирусот може да биде фатален буквално за секој еден од нас. Заради оваа состојба веќе започнавме, а уште повеќе во следните денови ќе ги засилиме контролите за спроведување на мерките и протоколите кои се веќе на сила. Сите инспекторати и институции кои се задолжени за спроведување на мерките интензивно ќе работат и апелирам состојбата да се сфати сериозно. Апсолутно е недозволиво, покрај сите најави за ризиците коишто ги носи овој период, сериозен дел од граѓаните и натаму да не ги почитуваат мерките. Недозволиво е сериозен дел и од бизнисите пред се во угостителскиот сектор да не ги почитуваат превентивните мерки“, рече министерот Филипче.
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење