Филипче: Дополнително ќе се зголемат платите на лекарите специјалисти
Во однос на одливот на кадри продолжуваме со нашите политики за инвестирање во човечкиот капитал после зголемувањето на платите и дежурствата на здравствените работници минатата и оваа година продолжуваме и натаму. Во овој момент се прават пресметки за тоа колкава сума на пари од централниот буџет треба да се одобри и да се зголемат дополнително платите на лекарите специјалисти, со цел согласно нашите ветувања следната година да стигнат до 100 илјади денари, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче.
– Не ги забораваме и медицински сестри и средниот персонал кој е составен дел во работата на сите јавни здравствени институции за зголемување и на нивните примања, додаде Филипче, одговарајќи на новинарско прашање пред почнувањето на 41. Пленарен состанок на здравствената мрежа на Југоисточна Европа за работната сила во здравството во регионот на ЈИЕ.
Ново на Сител
-
Интензивните врнежи од дожд предизвикаа одрони на повеќе патни правци на истокот
-
Најмалку 6 вработени ја напуштиле Онкологија за половина година, а клиниката се уште чека нови вработувања
-
Ѓорѓиевски: Кандидатурата за Скопје ќе значи добивка и за Кисела Вода и за сите скопјани
-
Средба на лидерите на ВЛЕН
-
Учениците учат само за оценка
-
Преглед на вестите од свет
-
Тема на денот со Милан Стефановски, аналитичар
-
Предизвици пред седницата на Уставен