Македонија
26. February 2021 - 16:17

Филипче: Доктор Јота има нагмечување на мозокот и на белите дробови, поставен е на респираторна машина

Хирургот Ѓорѓи Јота кој вчера беше прегазен од возило управувано од 16-годишник без возачка дозвола пред Клиничкиот центар во Скопје, има тешка повреда на главата, потврди денеска министерот за здравство Венко Филипче.

– Вчера во текот на ноќта ме консултираа. Колегата доктор Јота има тешка повреда на главата и се наоѓа во одделот за интензивно лекување на ТОАРИЛУЦ. Има нагмечување на мозокот и на белите дробови, поставен е на респираторна машина и сега се преземаат сите мерки на интензивно лекување, изјави Филипче во одговор на новинарско прашање пред Министерството за здравство.