Македонија
19. March 2021 - 13:06

Филипче: Доколку полицискиот час не даде резултати ќе има нови мерки

Министерот за здравство Венко Филипче денеска во изјава за новинарите рече дека засега дополнителни рестрикции не се потребни.

Филипче рече дека бројката на новозаболени денеска е нешто помала, односно дека е под 1000, додека преходните неколку дена имаше над 1200.

Вели дека сметаат дека полицискиот час ќе даде резултат кон крајот на неделата, односно две недели од воведувањето.

-Следни чекори би биле зголемување на траење на полицискиот час и намалување на работното време на угостителските објекти - рече Филипче.