Филипче: Брзо закрепнување на оздравените, се надевам на позитивни вести сè почесто
Министерот за здравство Венко Филипче со порака на Фејсбук им посака брзо закрепнување на сите пациенти и истакна дека очекува се почесто да слушаме позитивни вести, откако вечерва беше објавено дека од коронавирусот се оздравени двајца пациенти од Штип.
-Уште две лица кои боледуваа од КОВИД-19 се денеска оздравени. Двајцата пациенти од Штип ја поминаа болеста со лесна слика и во домашно лекување под постојан надзор од лекарски тим. Им посакувам брзо закрепнување на сите пациенти и се надевам дека сè почесто ќе слушаме позитивни вести, напиша Филипче на неговиот фејсбук-профил.
Министерството за здравство претходно, пренесувајќи информации од Институтот за јавно здравје, соопшти дека денеска попладне се регистрирани уште две лица од Штип оздравени од КОВИД-19 и дека согласно протоколот им биле направени два контролни теста кои покажале негативен резулат на коронавирусот.
Во болницата во Штип од вирусот сега се лекуваат четири пациенти, а оваа болница следи уште 14 пациенти со лесна форма на болеста кои се на домашно лекување.
Ново на Сител
-
ОЛАФ бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра - злоупотребени пари од Еразмус плус
-
ССМ најавува серија протести, работниците излегуваат на улица
-
Штипските пензионери повторно на протест
-
Глобалниот минимален данок од 15% - закана за 50-тина компании кои работат во зоните кај нас
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен работен ден за пратениците од овој состав
-
Информативен ден на НАТО програмата „наука за мир и безбедност“
-
Мисија на УНЕСКО во Охрид