Македонија
18. September 2021 - 17:35

Филипче: Близу 90 проценти од починатите се невакцинирани граѓани

Над 87,88 проценти од вкупниот број на дијагностицирани случаи се невакцинирани, како и близу 90 проценти од починатите од вкупниот број на починати се невакцинирани граѓани кажа Филипче во гостувањето во Вестите на Сител.

- Од кога започна вакцинацијата и новите мерки ситуацијата многу се подобри, но само кај вакцинираните граѓани, сега имаме пандемија, вирус кој многу се шири кај невакцинираните граѓани, огромен број од вкупниот број на  дијагностицирани над 87,88 проценти се невакцинирани. Исто така висок е бројот на починати, близу 90 проценти се невакцинирани граѓани. Во таа смисла нема ниту една причина ниту еден аргумент зошто граѓаните не би се вакцинирале, тоа е единствениот начин ние да постигнеме колективен имунитет, пред се да бидеме заштитени, ризикот да се добие ковид е многу висок, сега со есенските месеци ризик фактороте дополнително ќе се зголемат.

Исклучително е мал процентот на пациенти кои се заболени, а се вакцинирани, наспроти имаме невакцинирани. Тоа кога ќе го споредиме со опфатот на вакцинирани во поедини градови, таму каде што опфатот со вакцинација е мал, болниците се преполни, таму каде што опфатот со вакцинација е прилично висок, болниците може да функционираат само во рамките на Инфективните оделенија и тоа е уште еден доказ, кажа Филипче.