Македонија
17. March 2021 - 12:25

Филипче: АстраЗенека и сите други вакцини кои ќе влезат во нашата земја се безбедни за граѓаните

Министерот за здравство Венко Филипче денеска рече дека и вакцината АстраЗенека, но и буквални сите други вакцини кои влегуваат и ќе влезат во нашата земја се безбедни за граѓаните. Како што посочи, експертски тим ги следи сите известувања од националните агенции за лекови и ќе се води само според официјалните препораки.

Министерот Филипче на денешната прес-конференција во одговор на прашање посочи дека воопшто нема проблем да се вакцинира лично со АстраЗенека.

-Во однос на вакцината од АстраЗенека, буквално сите вакцини кои влегуваат и кои ќе влезат во нашата земја ќе бидат безбедни за граѓаните, и експертскиот тим тоа го следи, го контролира, ги прати сите можни известувања од страна на националните агенции за лекови од земјите кои ја користат од страна на СЗО и Европската агенција за лекови, рече Филипче.

Тој информира дека утре е закажан состанок на Комитетот за безбедност на ЕМА, поточно на Европската агенција лекови, на која ќе се анализираат несканите случаи поврзани со АстраЗенека, за кои како што рече, се навистина малку во однос на вкупниот борј на вакцини кои што се дадени. Министерот за здравство додаде дека ќе се извлечат поуките кои што евентуално би требало да се аплицираат при давањето на оваа вакцина.

-Сите експерти од нашиот тим ги пратат и несаканите ефекти од страна на оваа вакцина, одлуките на националите агенции, а ќе се водиме секако според официјалните препораки како на ЕМА, така и на производителот, додаде министерот.

До почетокот на следниот месец, како што информира, се очекува да профункцинира Ковакс системот преку којшто би стигнале околу 100.000 вакцини

-Во односна набавките на вакцините тоа што се очекува со оглед на промените кои настанува од информациите на добавувачите, ова може да биде нешто што временски може да се одоговлечи некое време, меѓутоа во следниот период до крајот на овој месец, почетокот на следниот очекуваме да профункцинира Ковакс системот, преку којшто би стигнале околу 100.000 вакцини, рече тој.

Додаде дека се разговара и со кинеските и руските претставници за вакцините, се чекаат нивните најави, иако како што рече, сеуште се нема конкретен датум.

-Во тој временски период интензивно разговараме со кинеските и со руските претставници  за овие вакцини. Ги чекаме и нивните најави, се уште го немаме точниот датум, но имаме пиричина да веруваме дека тоа ќе биде некаде до почетокот во првата недела на април, со што би започнала практично масовната вакцинација за што системот е целосно спремен. Продолжуваат разговорите со Компанијата Фајзер во делот на тие дополнителни прашања коишто практично секојденовно ги имаат, рече Филипче.

Филипче посочи дека според последните информации, компанијата Фајзер го подигала нивото на внимателност во однос на сите земји со кои што сега преговара, и веројатно ќе бара некои построги критериуми.

-Ние денеска ќе го добиеме тој документ така најавија, во однос на тоа што точно ќе се бара и ќе ја известиме јавноста но сакам да кажам дека јасно ни беше кажано дека овие мерки на внимателност важат за буквално сите земји во светот и веројатно тоа е една од причините зошто толку се чека на деталите за овој договор, рече Филипче.

Тој уште еднаш истакна дека буквално сите вакцини во нашата земја ќе бидат безбедни за користење и ќе се даваат според препораките и на нашиот Комитет кој што се занимава со безбедноста односно со целокупниот процес на имунизација.

Министерот Филипче потсети дека успешно тече вакцинацијата на здравствените работници. Како што рече, заклучно со вчерашниот ден има 5.300 вакцинирани здравствени работници.

-И ова е многу битно, имајќи предвид дека сега притисокот кон болниците е навистина голем ризикот да здравствените работници се заразат е сериозно висок и ова е заштита на нивното здравје, рече тој.