Македонија
26. October 2020 - 13:42

Филипче: 85% од починатите имале тешка форма на некоја друга хронична болест

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција истакна дека огромен број од починатите од Ковид-19 се со коморбидитети.

-Огромен процент од пациентите имале тешка форма на некоја друга хронична болест, над 85%, а голем дел многу доцна доаѓаат во болница, рече министерот Филипче.