Македонија
28. March 2021 - 8:59

Филипче: 20.000 веќе пријавени кои се над 75 години и имаат хронични болести ќе се вакцинираат први

На новинарско прашање кога ќе започне вакцинацијата министерот за здравство Венко Филипче рече дека вакцинацијата започнува во среда.

- Вакцинацијата започнува во среда откако ќе се заврши административната процедура во Агенцијата за лекови. Први за вакцинација ќе бидат 20.000 луѓе коишто се веќе пријавени над 75 години со хронични болести и согласно местото на живеење ќе биде направена дистрибуција што значи дека ќе се спроведе во вакциналните пунктови, рече министерот за здравство.

Министерот додаде и дека добиле добри вести од ЕУ дека во април ќе пристигнат и други вакцини во земјава.

- Во однос на количините и следните чекори имавме добри вести од ЕУ дека во месец април треба да пристигнат и други вакцини од Кина итн. што значи дека сите пријавени како ризични категории според приоритетите ќе бидат повикувани по овој систем како доаѓаат вакцините, место за масовна вакцинација ќе биде салата „Борис Трајковски“, додава Филпче.

Филипче рече дека вакцините кои денес пристигнаа се со корејско потекло.