Loading Video...
Ракомет
10. January 2019 - 19:43
Филип Лазаров очекува победа против Јапонија
Македонија својот старт на СП во Германија и Данка ќе го има против ракометарите на Јапонија.
Средба се игра петок 15ч а еден од најискусните Филип Лазаров е оптимист и очекува сигурна победа:
„Секој старт е важен и мислам дека сме подготвени да ја совладаме Јапонија. Гледавме на касета како играат, подобри сме многу , фаворити сме и нема да има изненадувања. Што се однесува до останатите натпревари рано е да се прогнозира. Ќе одиме меч по меч и така верувам ќе ја оствариме целта и ќе се пласираме во следната рунда“.
Македонија по 6. пат ќе настапи на Мундијалите а досега најдобриот пласман го оствари во Катар каде го освои 15. место.
-
Зоран Николовски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->