Свет
17. September 2016 - 15:56

Филаделфија: Во престрелка убиено едно лице, најмалку шестмина повредени

Вооружен напаѓач во Филаделфија од заседа нападна полицаец и стрелаше кон еден бар и автомобил, по што полицијата го неутрализираше, соопштија локалните власти.

Во покотницата во петок навечер, по локално време, повредени се најмалку шест лица - двајца полицајци и четворица цивили, соопшти полицијата, јави Си-Ен-Ен.

- Сега ние имаме многу прашања. Ова е сосема бизарна ситуација, изјави денеска полицискиот комесар Ричард Рос Џуниор.

Рос изјави дека полицијата пронашла писмо на местото на настанот, во кое се наведува дека напаѓачот ја мразел полицијата и службениците за условно ослободување, посебно спомнувајќи еден службеник.