Фудбал
3. December 2015 - 11:00

ФИФА: Во Новата Година како 136-ти

Фудбалската репрезентација на Македонија во Новата Година ќе влезе како 136-та на ФИФА рејтинг листата. 

Ова е најслабиот пласман на крајот од една година по осамостојувањето и за првпат не успеавме да се спуштиме во една година под 10-ката. Годината ја започнавме како 102-ри и назадувавме дури 34 позиции. 
Победата над Ц.Гора ни донесе подобрување на пласманот од 3 позиции.
Да потсетиме дека Македонија по добивањето на независноста атартуваше како 147-ма во светот.