Loading Video...
Фудбал
24. September 2018 - 14:03

ФИФА вечер ќе го избере најдобриот, Роналдо повторно нема да се појави

Светската фудбалска федерација (ФИФА) вечер ќе го избере фудбалерот на годината. 

Двајцата најдобри фудбалери во последната деценија, Лионел Меси и Кристијано Роналдо нема да присуствуваат на свечената церемонија.

Меси не се најде во потесниот круг од тројцата номинирани. Таму се Криситијано Роналдо, Лука Модриќ и Мохамед Салах.

Португалецот кој летово се пресели во Јувентус нема да патува во Лондон, наводно поради премореност и клупски обврски.

По откажувањето на присуството од страна на Роналдо, светските медиуми објавија дека наградата „The Best“ ќе оди во рацете на Хрватот, Модриќ, кој веќе го освои и признанието за најдобар фудбалери во Лигата на шампионите за минатата сезона. 

Почетокот на церемонијата во Лондон е закажан за 20 часот и 30 минути.