Фудбал
7. јуни 2018 - 14:58

ФИФА рејтинг: Македонија ја стигна Русија

Македонската фудбалска репрезентација го бележи најдобриот пласман во последните 8 години на рејтинг листата на ФИФА откако денеска направи скок од 6 места и е на 71.место во светот. 

Со овој скок „рисовите“ се веднаш зад домаќинот на СП, Русија која е на 70-тата позиција. 
Пред три години нашата репрезентација го имаше најлошиот пласман кога беше 166-та во светот. 
Најдобриот го оствари под водството на Сречко Катанец кој не искачи до 46м. и претходно Ѓоко Хаџиевски кога бевме 57. во светот. 
Хаџиевски и Јаневски имаат процентуално најдобар учинок на селекторската позиција со 35 % остварени резултати пред Катанец и сегашниот селектор Игор Ангеловски кои имаат остварување од 33 % со 7 победи, 5 нерешени резултати и 9 порази.