Фудбал
4. May 2017 - 13:37

ФИФА ранг: Македонија остана на 133.место

Фудбалската репрезентација на Македонија остана на 133.место на најновото рангирање на ФИФА. Скокот забележан на претходното рангирање е како резултат на победите над Белорусија и над Лихетенштајн.
Од нашата квалификациска група Шпанија се наоѓа на 10.то место, Италија е 12.та, додека Израел е на 63.то место. Албанија ја има позицијата 66, додека Лихтенхштајн ена 189.то место.
Топ 10 селекциите ги предводи Бразил, пред Аргентина и Германија, а следуваат Чиле, Колумбија, Франција, Белгија, Португалија, Швајцарија и Шпанија.
Следниот натпревар Македонија го игра во рамките од квалификациите за Светското првенство, а ривал ни е Шпанија. Натпреварот ќе се игра на Националната Арена „Филип Втори“.