-->
-->
ФИФА призна: Звезда е светски првак
-->
Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) донесе одлука сите освојувачи на поранешниот Интерконтинентален куп во периодот од 1960 до 2004 година официјално да бидат прогласени за светски шампиони. Ова значи дека ФИФА ѝ ја призна титулата и на белградска Црвена звезда.
На тој начин ФИФА го отфрли сите дилеми и оспорувања на сметка на победниците во Интерконтиненталниот куп. Имено, во ова натпреварување од 1960 до 2004 година играа само клупските шампиони на Европа и Јужна Америка, а од 2005 година, кога ФИФА започна да го организира како Светско клупско првенство, учествуваат сите континентални шампиони.
Црвена звезда како европски првак Интерконтиненталниот куп го освои во 1991 година. Екипата во која играа Дарко Панчев и Илија Најдовски тогаш во Токио го победи Коло Коло од Чиле со 3:0. Два гола во финалето постигна Владимир Југовиќ, а еден Дарко Панчев.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Силјановска Давкова и Пендаровски во вториот круг претседателски избори
-
Првични резултати на ДИК
-
Норвешка донира 76 возила на македонската Армијата
-
Димитриевски победи во Куманово, Таравари во Гостивар, а Јакимовски загуби во Карпош
-
Пасоши на воено способните Украинци ќе се издаваат само во земјата
-
Столтенберг во дводневна посета на Германија
-
Сообраќајот тековно, по наместа влажни коловози
-
Променливо облачно со повремен дожд