Фудбал
1. November 2016 - 11:07

ФИФА: Под лупа мечот Литванија-Малта

ФИФА го истражува квалификацискиот натпревар за пласман на Светското првенство, помеѓу Литванија и Малта (2-0), одигран на 11.октомври. 
 
Сомнежите се дека мечот бил наместен, а пред почетокот на истиот делегатот ги предупредил играчите дека постојат докази дека натпреварот може да биде наместен.
 
„Делегатот пред почетокот на натпреварот ги предупреди играчите на можното местење на натпреварот. Сѐ беше чудно и непријатно, бидејќи практично тој нѐ обвини за местење. Помисли дека ако нешто не излезе како треба, дека сите ќе завршиме в затвор. Меѓутоа кај головите не можев ништо да направам, а имав претходно неколку одлични одбрани“, рекол голманот на Малта Ендрју Хог.
 
Малта во Литванија имаше нерешен резултат 0-0 сѐ до 76.минута, кога Фиодор Черних го постигна првиот гол, а потоа победата на Литванија ја потврди Арвидас Новиковас од пенал.