-->
-->
ФИФА: Мундијалот го гледала една милијарда
-->
Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), соопшти дека финалето на Светското првенство во 2014 година го гледале повеќе од една милијарда луѓе ширум светот. Најмалку една минута од финалето помеѓу Германија и Аргентина гледале 1,013 милијарди луѓе, се наведува во извештајот на ФИФА и Катар Медија.
Според овој извештај финалето на „Маракана“ го следел секој седми жител на планетата. Исто така, истражувањето покажало дека финалето на Мундијалот во своите домови го следеле 570 милиони луѓе.
Полуфиналето на Светското првенство и победата на Германија над Бразил од 7:1 било следено од 390,2 милиони луѓе.
Германија во финалето славеше над Аргентина со 1:0, а единствениот гол во судиското продолжение го постигна Марио Геце.
Финалето на Мундијалот одиграно четири години претходно, во Јужна Африка, било следено од 530,9 милиони луѓе.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Најмногу дожд во Виница 32 литри на квадрат, најстудено на Попова Шапка минус три степени
-
ЦУК апелира на внимателност поради влошувањето на временските услови
-
Затворен аеродромот Манадо поради ерупција на индонезискиот вулкан Руанг
-
Надал: Нема повеќе да се натпреварувам во Барселона
-
Ред Бул има намера да го задржи Перез во 2025 година и да го врати Албон во 2026 година
-
Нов „Блек шарк“ прстен на „Шјаоми“
-
Стартува трката за пратеници, уште пет дена претседателска кампања
-
Во Брисел продолжува дијалогот меѓу Белград и Приштина за употребата на динарот во Косово