Фудбал
4. November 2016 - 15:29

ФИФА: Меси и Роналдо повторно во трка за фудбалер на годината

Капитените на националните тимови, селекторите и новинарите се повторно пред тешка задача да го прогласат најдобриот фудбалер на годината. 

Овој избор во последните неколку години е повеќе контроверзен и во главно битката се води помеѓу Лионел Меси и Роналдо. 
Обајцата повторно се кандидирани во изборот на ФИФА кој треба да се изгласа до 22 ноември. 
Официјално најдобриот фудбалер за 2016 година според ФИФА ќе биде прогласен на 9 јануари 2017 година на гала свеченост во Цирих. 
Минатата година признанието го доби Меси кој има 5 трофеи.