Фудбал
5. May 2017 - 15:38

ФИФА: Македонија и натаму 133-та

Светската фудбалска федерација (ФИФА) во четвртокот ја објави новата ранг-листа, на која Македонија го задржа 133. место.
 
Во јунските натпревари од квалификациите за пласман на Мундијалот во Русија, фудбалската репрезентација на Македонија ќе влезе до 133. позиција, на која се наоѓаше и на претходното рангирање.
 
Посместувања на позициите немаше и кај противниците на Македонија во квалификациската група: Шпанија е 10., Италија 12., Израел и Албанија се на 63. односно 66., а Лихтенштајн на 189. позиција.
 
Листата ја предводи Бразил, пред Аргентина, Германија, Чиле и Колумбија.