Фудбал
10. March 2016 - 21:19

ФИФА ја прошири истрагата за местење натпревари Италија

 Светската фудбалска федерација (ФИФА) соопшти дека ќе ја прошири истрагата и дека ќе ги казни официјалните лица и фудбалери кои биле вмешани во местење на фудбалски натпревари и илегално обложување во Италија. 
 
ФИФА веќе потврди дека за овој случај се известени Олимпискиот комитет и Фудбалскиот сојуз на Италија, како и дека 23-те осимничени лица ќе заработат казна суспензија на пет години. 
 
Од ФИФА засега не ги откриваат имињата и идентитетот на осомничените за местењето на натпреварите кој се случил во 2014 и 2015 госина. Сепак, претходно светската куќа на фудбалот веќе ги осомничи екипите на Катанија и Катанзаро, а минатото лето сосптвеникот на Катанија, Антонино Пулвиренти призна дека наместил пет натпревари во Серија Б, со цел клубот да обезбеди опстанок во втората по ранг фудбалска лига во Италија.