Фудбал
18. September 2015 - 8:15

ФИФА го смени Генералниот секретар поради финансиски скандал

Генералниот секретар на ФИФА, Жером Валке е разрешен од сите должности, откако на површина исплива нов скандал, поврзан со продажбата на влезниците за претходните Светски првенства. 
 
Лондонски „Гардијан“ прв започна да пишува за оваа афера, а се наведува дека Валке профитирал многукратно бидејжи влезниците ги продавал по три до четири пати повисока цена. Според истиот извор разликата ја делел со своите партнери.
 
Валке беше еден од ние кои се најдоа на ударот на медиумите кога започна сканадлот во ФИФА, со апсењето на седуммина високи функционери, но тој негираше било каква вмешаност во коруптивни зделки.