ФИФА го „промаши“ идеалниот тим на Мундијалот
Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) денес го објави идеалниот тим на Светското првенство кое во неделата заврши со Русија со триумф на репрезентацијата на Франција. Французите во финалето ја совладаа Хрватска со 4:2.
Очекувано, во тимот идеалниот тим, во формација 4-2-3-1, има најмногу Французи, четворица. По двајца играчи доаѓаат од Хрватска, Англија и Бразил, а еден е од Белгија.
Љорис (Франција) – Трипие (Англија), Варан (Франција), Ловрен (Хрватска), Јанг (Англија) – Паулињо (Бразил), Модриќ (Хрватска) – Азар (Белгија), Гризман (Франција), Нејмар (Бразил) – Мбапе (Франција).
Изгледот на тимот предизвика лавина од негативни коментари на социјалните мрежи, а најмногу поради тоа што Нејмар се најде во оваа конкуренција.
Најскапиот светски фудбалер одигра просечен турнир и на ниту еден меч не беше решавачкиот фактор за бразилскиот тим. Истот така, прашање е зошто во тимот се наоѓа и Паулињо,а нема место за Канте, Погба или Ракитиќ на таа позиција.
Многу прашања предизвикува и изборот на Јанг на левата бековска позиција, иако младиот Французин Лукас Хернандез одигра беспрекорно на целиот турнир.
Место нема ниту за првиот стрелец на турнирот Кејн,а дискутабилен е и изборот на голманската позиција. ФИФА за најдобар голман го прогласи Белгиецот Куртоа, а во идеалниот тим го смести францускиот капитен Љорис, кој во финалето по своја вина прими смешен гол.
Ново на Сител
-
Бојмацалиев: Една година ФРОНТЕКС - прв договор потпишан на македонски јазик со ЕУ
-
Избрани 12 поротници за судењето против Трамп
-
Директорот на ЦИА предупредува дека Украина би можела да ја изгуби војната до крајот на годинава ако Конгресот не ја одобри помошта за неа
-
Кривична пријава за директор на ЈП „Стрежево" Битола за злоупотреба на службена положба и злоупотреба на постапка за јавен повик
-
Притвор за еден од осомничените за кражбата на сефот од маркет во Црниче
-
ЦУК: Изминатото деноноќие 1 709 повици на 112, нема пожари на отворено
-
Израел изведе напади на југот на Сирија
-
МОН ги известило училиштата неработните денови да бидат одработени во саботи