Фудбал
19. September 2017 - 12:40

ФИФА даде „зелено светло“, Елмас ќе игра за Фенербахче

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас ќе може да настапува за турскиот гигант Фенербахче, откако ФИФА ги прифати документите на екипата од Истанбул.
Оваа вест Фенербахче ја објави на својата интернет - страница и веќе се препратени до Фудбалската федерација на Турција.
 
Елмас има на 27.септември ќе наполи 18 години со што ќе стане полнолетен и се очекува оваа година да дебитира на официјален натпревар на Фенербахче.