Свет
17. September 2016 - 19:50

Фицо: Вишеградската група подготвена на вето на договорот со Лондон

Унгарија, Полска, Чешка и Словачка подготвени се да стават вето на каков било договор во врска со Брегзит, а кој на луѓето би им поставил ограничувања да работат во Велика Британија, изјави денеска словачкиот премиер Роберт Фицо.

- Земјите од Вишеградската група ќе бидат бескомпромисни. Освен ако не добиеме гаранции дека тие луѓе )кои живеат и работат во Британија) ќе бидат еднакви, ќе ставиме вето на каков било договор меѓу ЕУ и Велика Британија, изјави Фицо.