Балкан
19. August 2015 - 8:23

„Фич“ го зголеми кредитиниот рејтинг на Грција

Рејтинг агенцијата „Фич“ го зголеми за еден степен кредитниот рејтинг на Грција, откако Атина со европските институции склучи договор за трет спасувачки пакет.

„Фич“ го зголеми долгорочниот кредитен рејтинг на Грција од „CC“ на „CCC“, истакнувајќи дека има помал ризик од банкрот на Грција во однос на нејзините долгови кон приватниот сектор.