„Фич” го потврдува постојниот кредитен рејтинг на Македонија ББ
Aгенцијата „Фич” соопшти дека го потврдува постојниот кредитен рејтинг на Македонија ББ, со негативен изглед, соопшти денеска Министерот за финансии (МФ).
Според МФ, на потврдата на рејтингот влијаеа кредибилната, монетарна и макропрудентна политика, кои овозможија долготрајна стабилност на девизниот курс, ниска инфлација и стабилен економски раст.
- Економскиот раст за 2017 година е ревидиран на 2,3 отсто, но се оценува дека формирањето на Владата ќе резултира со подобрување на економските очекувања и активност и следствено ќе овозможи просечен раст од 3,2 отсто во 2018-2019 година. Иако буџетскиот дефицит ќе го зголеми притисокот врз веќе растечкиот тренд на државниот долг, со 39,9 проценти во 2017 година тој е проектиран значително под просекот на 49,5 отсто од БДП на земјите со сличен кредитен рејтинг, наведува Министерството.
„Фич“ во извештајот нотира дека пролонгираната политичка криза е надмината со формирањето на новата Влада. Притоа, се оценува дека „Планот 3-6-9„ на Владата за политики ориентирани кон членство во НАТО и ЕУ и враќање на довербата во независноста и транспарентноста на јавните институции се соочува со значајни предизвици во имплементацијата. Тие се првенствено поврзани со ризици од можни несогласувања во владиното мнозинство, како и со ризици од опструкции од опозицијата, додека локалните избори ќе претстават првичен тест за напредокот на владата.
- Потврдата на негативниот изглед ги одразува оценките на „Фич“ дека и покрај формирањето на новата Влада, се уште постојат политички ризици за ефективно водење и имплементирање на економските политики, повисок раст и напредок кон ЕУ, стои од соопштението на МФ.
„Фич“ наведува и дека врз подобрување на рејтингот може да влијаат позначајното намалување на политичката неизвесност како и имплементацијата на кредибилна среднорочна фискална консолидација, конзистентна со стабилизација на учеството на јавниот долг во БДП. Наспроти ова, врз влошување на кредитниот рејтинг може да влијаат повторувањето на политичката нестабилност, фискалната недисциплина или потенцијалните обврски како и проширувањето на надворешните нерамнотежи.
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок