Фич го потврди позитивниот кредитен рејтинг на Бугарија
Бугарското Министерство за финансии соопшти дека меѓународната агенција „Фич“ го потврдила долгорочниот кредитен рејтинг на земјата ‘БББ’ со позитивна перспектива.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, според меѓународната агенција, краткорочните негативни ризици поврзани со пандемијата и несигурноста од изборите се компензираат со можноста за значителни финансиски средства од ЕУ и Планот за обновување и одржливост. „Фич“ очекува економскиот раст на Бугарија да се забрза на 4,7 отсто оваа година, во споредба со февруарската проценка од 3 отсто.
Ниската стапка на вакцинација во Бугарија во споредба со просекот на ЕУ овозможува негативни ризици поврзани со пандемијата. Експертите од агенцијата гледаат мала веројатност бугарските власти да воведат построги ограничувачки мерки што значително ќе влијаат на економската активност во земјата. Банкарскиот сектор во Бугарија е оценет како ликвиден и добро капитализиран. „Фич“ го дефинира планот за воведување на еврото во 2024 година во Бугарија како реален.
Ново на Сител
-
Приватните специјализанти од понеделник се селат пред здравство
-
Стартува кампањата за парламентарните избори
-
Уште 5 дена кампања за претседателските избори
-
Преглед на вестите од светот
-
Претседателски избори
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ, универзитетски професор
-
Владата одлучи: Деновите за гласање ќе бидат неработни за сите
-
Партиите потпишуваа кодекс за фер и демократски парламентарни избори