Бизнис
28. January 2017 - 9:09

„Фич“ го намали кредитниот рејтинг на Турција до ниво „отпад“

Меѓународната агенција за оценка на кретидиот рејтинг „Фич“ го намали вчера кредитниот рејтинг на Турција на ниво „отпад“, потренцирајќи ги случувањата во политиката и безбедноста, кои ги поткопуваат економските показатели и институционалната независност, јави ДПА. 

Суверениот долг на Турција беше намален до „ББплус“ со стабилна перспектива, се наведува во соопштението на „Фич“.

- Внесување на измени во Уставот, кои можат да бидат одобрени на референдум следните месеци, воспоставува систем, во кој ќе биде разурната ваземната контрола и балансот на властите, се додава во соопштението.

Според агенцијата масовните чистки во јавниот сектор по обидот за преврат обесхрабруваат некои од учесниците во економијата, а серијата терористички напади ја нарушиле довербата на потрошувачите и предизвикале штети во туристичкиот сектор.