Кошарка
16. April 2016 - 9:17

ФИБА:Словенија исклучена, Македонија суспендирана?!

Кошаркарската репрезентација на Словенија е исклучена од ЕП 2017 додека а Македонија и селекциите на уште 13 други земји се суспендирани од квалификациите за Европското првенство (ЕП), кое во 2017 година ќе се одржи во Финска, Турција, Романија и Израел, пишува специјализираната веб-страница за кошарка „Спортандо“.

Целата приказна е за отворената војна на релација ФИБА - УЛЕБ Евролига откако словенечките клубови прифатија да играат под капата на Евролигата и во Еврокупот. Истото важи и за нашата федерација која прифати да игра во АБА лигата која влезе под капата на Евролигата. 

Покрај Македонија тука се уште и селекциите на , Хрватска, Србија, Црна Гора, Русија, Шпанија, БиХ, Литванија, Италија, Грција, Израел, Полска и Турција.

Засега најжестоко се казнети Словенците од кои се бара да достават документација до 20-ти април дека ги суспендирале своите клубови од настапите во Евролигата и Еврокупот.