Македонија
18. October 2017 - 13:35

Фиат Пунто се заби во автобус кај Струмица - има повредени

Сообраќајна несреќа се случила вчера  во 07:30 часот на регионалниот пат Валандово – Струмица,  на влезот во с.Раброво, незгодата се случила  помеѓу патничко возило „Фиат Пунто“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Л.М. (35) од Струмица и автобус „Мерцедес Спринтер“ со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од Т.Б.(59) од с.Пирава, валандовско.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Л.М., кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Медицински центар Струмица и бил задржан на понатамошно лекување.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станицаВаландово.