Фудбал
18. July 2018 - 19:02

ФФМ:Лигата на нации носи награда од 350 илјади евра

Најдобрата репрезентација на Македонија во септември го започнува квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство преку новото натпреварување на УЕФА, Лига на Нации. Нашиот А национален тим е во група со Ерманија, Гибралтар и Лихтенштајн.
 
Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука за исплата на вкупна премија од 350. илјади евра како парична награда која би ја поделиле фудбалерите и стручниот штаб за освоено прво место во групата.
 
Првото место во групата е еден од приоритетите нѐ само за фудбалерите и стручниот штаб во А репрезентацијата, туку и за Фудбалската федерација на Македонија. Сите се убедени дека во оваа репрезентација има и фудбалски и стручен квалитет за освојување на првото место во групата. На капитенот Горан Пандев и неговите соиграчи од репрезентацијата им посакуваме многу среќа во новиот циклус. Првиот натпреавар го играме на 6. септември против Гибралтар на гостински терен. На 9. септември во Скопје гостува селекцијата на Ерменија.